„Цитроен“ излета кај Страцин, тројца повредени

Сподели со своите пријатели

Три лица се повредени, од кои две потешко, откако „цитроен“ вчеравечер излетал на магистралниот пат кај кратовско Страцин.

– На 03.11.2025 околу 23:30 часот во ОВР Кратово е пријавено дека на магистралниот пат кај с.Страцин, кратовско, во близина на место викано „Чешмиче“, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(24) од Скопје, излетало надвор од коловозот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговиот сопатник Н.Б.(24) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила сопатничката Ј.П.(21) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голем настан за Митровден во селото Тромеѓа – ќе настапат и познати музички имиња

Петмина пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово, цел час учествувале во извлекување на тројцата повредени лица.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кратово.

Никола Ивановски