Циклонска активност во Македонија – се очекуваат обилни врнежи

Сподели со своите пријатели

Територијата на Македонија денеска ќе потпадне под влијание на циклонот Викторија. Времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, а на планините снег.

Loading...

Доцна попладне на повеќе места врнежите ќе се интензивираат, па наместа ќе наврнат над 30 л/м2, особено во западните и јужните предели.

Врнежите што следат на некои повисоки места ќе се менуваат од врнежи од снег во врнежи од дожд особено во утринските и претпладневните часови во западните делови од земјата, но и во понеделник кон крајот на денот и ноќта кон вторник.

Leave a Reply