Цигари, тутун и телевизор запленија цариниците на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатите две седмици, царинските службеници откриле мигранти, царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено биле задржани цигари, тутун, лекови, стоматолошка опрема, техничка стока и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Вкупно 12,3 kg режан тутун и 4000 парчиња цигари со македонски акцизни маркички, откриени биле при контрола на празно товарно моторно возило со српски регистарски ознаки, управувано од српски државјанин, пријавено за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените цигари биле пронајдени во фабрички шуплини, фиоки и прегради на возилото, а непријавениот тутун во просторот кај моторот на возилото и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Еден нов телевизор, откриен бил при контрола на автобус со македонски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовната линија Салзбург – Битола и бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, а бил управуван од македонски државјанин.

 

Loading...

televizor, Tabanovce

 

Непријавениот телевизор бил пронајден на последните патнички седишта од автобусот и истиот е привремено задржан, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка, велат од Царинската управа.

фото: архива