Цигари на Фидел Кастро продадени за 27.000 долари

Сподели со своите пријатели

Кутија цигари од личната колекција на некогашниот кубански лидер Фидел Кастро, продадена е на аукција во Бостон за 26.900 долари.

Со дрвената кутија на која се наоѓа потписот на Кастро со син фломастер, продадена е и неговата фотографија која ја потпишал за филантропот Ева Халер во 2002 година.

Кутијата содржи 24 цигари кои имаат жиг, а на дното од кутијата е ознаката на произведувачот „Trinidad Fundadores“, пренесува АП.

Овие цигари се произведувале исклучиво за Кастро од 1980 година. Се до 1998 година кутиите од овие цигари можеле да ја напуштат Куба единствено ако биле подарок на странски државници.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.