Чудо во Турција: Мачка спасена од урнатините 49 дена по земјотресот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Не за џабе велат дека мачката има девет животи. Мачката Хан беше извлечена од урнатините 49 дена по разорните земјотреси во Турција.

Loading...

Сопственичката на мачката Нида Дина (36) изјавила дека секој ден одела по урнатините на нејзината зграда во градот Кахраманмарас, барајќи го саканиот миленик.

„Зградата ни беше оштетена во првиот земјотрес. Излегов со ќерка ми, но мачката не можевме да ја најдеме бидејќи некаде се сокри. Ја баравме секој ден и ја најдовме сега по отстранувањето на урнатините на нашата единаесеткатница“, изјави Дина за турски Хабер.

Таа е пресреќна поради чудото што се случи и им порача на сите да не губат надеж. Мачката се лекува и има повредена шепа.