ЧУДНА ЗАВИСНОСТ: Оваа жена јаде пудра за бебиња, а за тоа троши милион долари годишно

Сподели со своите пријатели

Лиса Андерсон (44) од Девон, Велика Британија, има зависност од која многумина се згрозени – таа, всушност, јаде талк.

Loading...

Пудрата за бебиња, како што оваа жена раскажува за медиумите, ја јаде веќе една деценија и никогаш не може да се ослободи од таа навика.

– Повеќе од една деценија, секој ден јадев талк и јадам една порција половина час – објаснува таа за британските медиуми.

Се започна, рече таа, пред 15 години кога го капела својот син, тогаш бебе. За прв пат, таа ставила малку бебешка пудра на раката и го јадела – и оттогаш не може без тоа.

Нејзината зависност, вели таа, чини околу 10 фунти неделно, и пресметува дека потрошила околу 8.000 фунти за сите години на зависност.

– Јадам шише од околу 200g на ден. Има добар вкус, мене ми одговвара, се чувствува сапун. Најмногу што можам да издржам без да земам малку е половина час. Ми се случи еднаш кога со сила морав да поминам два дена без талк. Тоа беа најлошите денови во мојот живот – забележува Лиза.

Таа ја криела својата зависност една деценија од целото семејство, но потоа сопругот ја фатил во тоалетот.

Потоа ја принудил да побара стручна помош и откриено е дека Лиза страда од болест наречена пика синдром.

Loading...

ШТО Е ПИКА СИНДРОМ?

Синдромот Пика е нарушување во исхраната при што доаѓа до консумирање на нехранлив материјал, како што се земја, креда, камен, хартија или, во случај на Лиза, пудра.

После еден месец или повеќе од консумирање на такви супстанции, овој синдром може да се открие.

Овој синдром е често поврзан со ментално растројство или сеопфатно развојно нарушување како што е аутизам.

Оваа болест исчезнува без медицинска интервенција, но може да трае со години и да предизвика здравствени нарушувања.

Leave a Reply