Чудна зависност ја тера да го јаде сунѓерот од својата фотелја (видео)

Сподели со своите пријатели

Самохраната мајка Вики кулин (28) од Велика Британија изгледа како и поголемиот дел од жените на нејзини години. Меѓутоа таа има една бизарна завиност. Вики го јаде сунѓерот од својата фотелја.

Како раскажува таа јадењето сунѓер ја опушта, а оваа година се повеќе се јавуваат луѓе во светот кои имаат чудна навика да јадат работи и предмети кои всушност не се за јадење.

Во текот на бременоста ми се јави оваа чудна потреба. Започнав да го грицкам сунѓерот и тоа ми беше опуштање – вели Вики, која заедно со својата до пола изгрицкана фотелја гостувале во утринска програма на една британска телевизија.

Вики вели дека до сега изгрицкала преку 2.000 сунѓери со различна величина.

Сунѓерот толку ми се допаѓа што почнав да го додавам како зачин кога подготвувам ручек. Чудно ми е кога им кажувам на луѓето да ги тргаат сунѓерите од мене кога им доаѓам во посета. Моите најблиски знаат за што се работи и со нив нема проблеми. Понекогаш ставам малку џем или нутела на парче сунѓер, а наутро го јадам со сок од портокал. Сум пробала и сунѓер од нараменици и градници, но тоа не ми се допаѓаше – раскажува оваа жена.

Јадењето сунѓер започнало во мај 2011 година, кога била во петиот месец од бременоста.

Седев една вечер и гледав телевизија. Бев нервозна и со ноктите ја дупна фотелјата и извадив парче сунѓер. Го ставив во уста и го џвакав како гума за џвакање. Го почувствував задоволството кога го проголтав – вели Вики.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.