Чудата се можни: По девет дена од урнатините во Турција извлечени двајца браќа

Сподели со своите пријатели

Светот со солзи во очите гледаше како утрово се случува вистинско чудо во Турција, каде во Кахраманмарас по 198 часа од урнатините беа извлечени двајца браќа.

Loading...

Мухамед Енес (17) и неговиот брат Абдулбаки (20) девет дена чекале помош.

Тие утрово конечно беа извлечени од урнатините и според првичните информации се во добра состојба.

Да потсетиме, на 6 февруари два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,8 степени според Рихтеровата скала ја потресоа Турција и однесоа повеќе од 35.000 животи во таа земја и во соседна Сирија.

Спасувачките тимови од повеќе од 70 земји се во Турција, кои работат дење и ноќе за да најдат преживеани.

Со оглед на тоа што поминаа повеќе од седум дена од разорните земјотреси, секое извлекување од урнатините се смета за чудо.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.