Човештвото би требало да се подготви за евентуален напад, велат научниците

Сподели со своите пријатели

На астероидите им е многу потешко да експлодираат за да се спаси Земјата отколку што се мислело, предупредуваат научниците и откриваат дека човештвото би можело да сеподготви за евентуален катастрофален напад.

Loading...

Иако во филмовите се претставува едноставен, но високотехнолошки одговор – лансирање херој во вселената за да се разнесе пред да дојде во допир со земјата, во реалниот живот, тие астероиди е потешко да се уништат, сметаат научниците од Универзитетот Џон Хопкинс, кои ги симулирале начинит ена кои би можело да дојде до судир со астероидите и нивното распаѓање.

Како што пренесува Индепендент, човештвото би требало подобро да се подготви за потенцијално опасни астероиди.

Секој голем астероид кој оди кон Земјата би можел да биде смртоносен за голем дел од популацијата. Научниците се надевале дека нивната величина би можела да се искористи против нив, покажува нова студија.

– Некогаш верувавме дека што е поголем објектот, полесно се крши, затоа што поголема е веројатноста дека на поголем објект ќе се пронајдат маани. Нашите наоди, покажуваат дека астероидите се посилни од што мислевме и дека е потребна поголема енергија за да целосно се разбијат, рекол Чарлс Ел Мир од Универзитетот Џон Хопкинс.

Истржаувачите знаат за карпите во мерка во која тие можат да се проучат во лабораторија, отприлика со големина на човечка дланка. Меѓутоа, секои такви сознанија тешко можат да се забележат ако карпата е со големина на град, како астероид.

– Нашето прашање беше колку енергија е потребно да се уништи астероид и да се разбие на парчиња, вели Ел Мир.

Научниците откриле дека по почетниот удар се формираат и пукаат милиони пукнатини во астероидот. Тоа овозможило делови да излезат како песок и остават кратер на неговата површина. Меѓутоа, со оглед на тоа дека гравитацијата делува на оние разбиени делови, научниците откриле дека огромни оштетени јадра и натаму ќе привелкуваат делови околу него.

Loading...

Тоа значи дека астероидот би ја задржал својата сила затоа што не напукнал целосно, а оштетените делови би можеле да се разлетаат по средината на јадрото. Така да секој кој сака да уништи опасен астероид мора да користи повеќе енергија.

– Можеби звучи како научна фантастика, но многу истражувања разгледуваат судири на астероиди. На пример, ако кон Земјата се движи астероид, дали ни е подобро да го разбиеме на мали делови или да го насочиме во друга насока? И колку силно би требале да удриме зад а го поместиме, а не разбиеме? Сето тоа се актуелни прашања кои се разгледуваат, вели Ел Мир.

Директорот на Институтот за екстремни материјали К.Т. Рамеш, оценил дека само прашање на време е пред некои од овие прашања да премина од академско ниво на дефинирање на нашиот одговор на голема закана.

– Мораме да имаме добра идеја за тоа што треба да направиме кога ќе дојде времето и научните напори како што е овој се клучни за помошта во донесувањето на одлуките, рекол тој.

Leave a Reply