Човековиот мозок може да собере информации како 4,7 милијарди книги

Сподели со своите пријатели

Американските научници кои го проучувале мозокот тврдат дека во него може да станат информации колку и во 4,7 милијардни книги.

Истражувачите од американскиот Институт за биолошки студии „Салк“ успеале да го пресметаат капацитетот на човековиот мозок така што анализирале потенцијал на синапсите, местото на контакт измеѓу два неурони, одговорни за бележење на податоците.

Тимот научници кои ги предводел професорот Тери Сејовски открил дека доколку секоја синапса би била во состојба на забележи 4,7 бита информација, човековиот мозок би можел да складира еден петабајт информации, односно 1.000.000.000.000.000 бајтови.

Еден петабајт податоцие е еднаков на 13,3 години телевизиски HD снимки, 4,7 милијарди книги или 670 милиони интернет страници.

Научниците нагласиле дека станува збор за теориска способност на меморирањето, додавајќи дека мозочните „архиви“ всушност се многу помали.

Тоа е многу важно откритие во полето на неуронауката. Нашите нови проценки на мозочните капацитети се десет пати поголеми од проценките кои до сега важеле во научните кругови – вели Сејовски.

Прашање е дали сите имаат способност да меморираат толку информации или зависи од мозок до мозок?


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.