Човекот со 100 имиња по смртта бил претворен во пепеларник, саксија, кондури…

Сподели со своите пријатели

Џорџ Перот бил човекот ос многу имиња, но едно му останало до крајот на животот, а тоа е Џорџ Одменикот.

Иако неговиот живот бил интересен, сепак не е ниту на половина интересен како неговата смрт.

Имено, човекот со многу имиња – Џорџ Ворден, Џорџ Манус, Големиот клун Џорџ, Џорџ со големиот нос – сега вечноста ја минува во многу делови – како саксија, пепеларник, научен експеримент и пар кондури.

Џорџ е познат по многу криминални активности од крајот на 19. век, како кражби, но својата казна бесење, ја заслужил поради две убиства. По кражба во воз во 1878 година Перот и неговата банда биле во бекство и се криеле од полицијата. На плоштад им биле заменикот на шерифот Роберт Видофилд и детективот Хенри Винсент. Набргу ги пронашле, но бандата ги убила и нивните тела ги закопала.

Перот следните години живеел на слобода, се додека не започнал премногу во јавноста да се фали за овие убиства, што на крајот го одвело во затвор. Наскоро и правдата го стигнала, кога бил обесен за телефонски столб од страна на осветници, по обид за бекство од егзекуција.

Но, благодарение на лераот Џон Озборн, кој бил помеѓу освениците, приказната на Перот продолжила да живее и по неговата смрт.

Кога никој не дошол да го побара телото на Перто за да го погребаат, др. Озборн одлучил да ги подели неговите делови. Така мозокот на Перот го испрат на својот пријател за медицински истражувања на криминални умови.

Дел од черепот го дал на својата асистентка Лилиан Хит. Таа подоцна станала прва лекарка во Вајоминг, а наводно черепот го користела како пепеларник, саксија и за подглавување на вратата. Потоа, сувенирите на Озборн направени од остатоците на Перот биле се поморбидни. Од кожата направил посмртна маска, но и пар кондури.

– На чевларот му дадов инструкции да ги остави брадавиците на кожата за да може да се докаже дека чевлите се направени од човечка кожа. Но, тој не ги следеше моите инструкции, рекол Озборн, кој кондурите ги носел на својата инаугурација за гувернер на Вајоминг во 1893. година.

Денес остатоците на Перот – кондурите, пепеларникот, посмртната маска се наоѓаат во Градскиот музеј во Вајоминг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Протести на земјоделците денеска во Брисел, а од понеделник во Франција

Leave a Reply