Човекот што доби ново срце од свиња пред 30 години со нож избол момче (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пред неколку дена ширум светот се рашири неверојатната вест дека на пациент од американската сојузна држава Мериленд, Дејвид Бенет (57) му било пресадена срце од генетски модифицирана свиња, а еве кој е првиот пациент во светот да има таква постапка.

Loading...

Лесли Шумакер Дауни била дома и ги чувала своите внуци кога добила порака на мобилниот телефон. Нејзината ќерка ѝ испратила статија за 57-годишен маж со терминална срцева болест, кој добил срце на генетски модифицирана свиња три дена претходно во Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд.

„Каков голем напредок за науката…“ си помислила Дауни додека го читала насловот.

Меѓутоа, веднаш потоа ѝ заѕвонил телефонот.

„Мамо… гледаш ли кој е?“, ѝ рекла ќерката и ѝ рекла да обрне внимание на името на мажот.

Таа се замрзнала. Човекот кој бил наречен „пионер на медицината“, Дејвид Бенет, бил истиот оној кој во 1988 година бил осуден дека седум пати го избодел нејзиниот помлад брат Едвард Шумакер.

Последователно, тој бил  парализиран и следните 19 години ги поминал во инвалидска количка пред да доживее мозочен удар во 2005 година и да умре две години подоцна, една недела пред неговиот 41-ви роденден.

 

Loading...

 

„Ед страдаше. Со години поминуваме низ траума, целото семејство мораше да се справи со тоа”, изјави Дауни за Вашингтон пост.

Од друга страна, откако Бенет излегол од затвор по отслужувањето на казната за напад со нож, „продолжил да живее мирен и удобен живот“.

Според Daily Mail, Бенет отслужувал затворска казна за напад на Едвард Шумакер, тогаш 22-годишно момче, додека играл билијард во бар во Мериленд во април 1988 година, откако ја фатил неговата тогашна сопруга Норма Џин Бенет како седи во скут на Шумакер додека зборувале и пиеле.

Бенет (23 во тоа време) бил осуден за напад и носење скриено оружје и осуден на десет години затвор, но не ја отслужил целосната казна.

Точното време што го поминал зад решетки останува непознато, но семејството на Шумакер соопшти дека тоа било пет години.

„Сега има втора шанса со ново срце, но би сакала, барем според мене, втората шанса да му припадне на некој што ја заслужува“, признала таа.

Loading...

 

 

Инаку, повеќе од 106.000 Американци се на државната листа на чекање за трансплантација на органи, а 17 луѓе умираат секој ден без да го добијат потребниот орган.

Соочени со таков недостаток, некои семејства можеби сметаат дека е бескрупулозно да им дозволат на осудените за злосторства постапка за спасување живот, додека на други очајно им е потребна.

Сепак, повеќето лекари не го делат тоа мислење. Имено, не постојат закони или прописи кои забрануваат некој со криминално минато да биде кандидат за трансплантација или да се подложи на експериментална процедура.

„Клучниот принцип во медицината е да се лекува секој што е болен, без разлика кој е и каква е нивната историја“, вели Артур Каплан, професор по биоетика на Универзитетот во Њујорк.

„Ние не се занимаваме со одвојување на грешниците од светците. Адвокатската професија се занимава со криминал“, заклучи тој.

Loading...

 

 

Претставниците на Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд одбија да кажат дали знаеле за криминалното минато на Бенет.

Во писмената изјава, тие рекоа дека болницата во Балтимор обезбедува „грижа за спасување на секој пациент кој ќе влезе во нивната врата врз основа на медицински потреби, а не на нивното минато или животните околности“.

Исто така, синот на пациент со свинско срце, Дејвид Бенет Џуниор, кој работи како физиотерапевт во Северна Каролина, изјави дека неколку болници одбиле да го стават неговиот татко на листа на чекање затоа што во минатото не ги следел медицинските упатства и одел на редовни прегледи.

Loading...

Тој, исто така, не земал лекови постојано. Дури во средината на декември му била понудена опцијата за свинско срце, откако, како што откри неговиот син, тој веќе се простил од животот и се подготвувал да потпише документи за донирање на неговите органи.

„Сакам да живеам“, рекол Бенет, сфаќајќи дека операцијата не му е втора, туку трета.

Имено, пред повеќе од 30 години Бенет бил прогласен за виновен за физички напад и носење оружје откако Шумакер бил избоден со нож.

Тој бил осуден на 10 години затвор и наредено да плати отштета. Од КПД не можеле да кажат колку години одлежал, ниту кога бил пуштен „бидејќи предметот е застарен“.

Дауни рече дека мисли дека тој одлежал околу пет години.

Loading...

Шумакер и неговото семејство го тужеле и Бенет, кому му било наложено да плати отштета од 3,4 милиони долари.

Дауни изјави дека нејзините родители никогаш не добиле „ни денар“ од тужбата, а подигнале кредити за да купат соодветно комбе и друга опрема за нивниот син.