Човекот е вториот најпаметен вид на Земјата, тврди норвешки филозоф

Сподели со своите пријатели

Норвешкиот „филозоф на бизнисот“ Андерс Индсет на предавање во Атина рекол дека алгоритамот е се посовршен и дека станува многу попаметен и поефикасен од човечкиот вид, па дека човекот е „вториот најпаметен вид на планетата Земја“.

Loading...

На конференцијата на грчката компанија за анализа на податоци САС, Индсет рекол дека „технологијата се претставува како одговор на се, но што е прашањето на кое таа е одговор, пренел грчки Катимерини.

Тој филозоф на модерниот бизнис не ја смета технологијат анит за добра ниту за лоша, туку истовремено и двете.

За да се утврди улогата на технологијата за човештвото, Индсет смета дека пред се политичките лидери и бизнис менаџерите треба да се запрашаат каква иднина сакаат, на долги патеки, а не да се огрнаичат на прашањето „како технологијата може сега да ни помогне“ затоа што таа може да добие различни улоги.

Во светот во кој технолотијата постојано добива на значење и презема лидерство, Индсет смета дека единствени актуелни придонеси се човечката свест и креативноста. Тој рекол дека човекот во никој случај не е неопходен – Земјата би била многу подобра без нас, но ние сме единствен вид кој го носи светот и може да создава теориски идеи“.

Воопшто гледано, Индсет смета дека денешните проблеми можат да се решат со древната филозофија „комбинирајќи ги елементите на минатото кои се кријат пред нашите очи, спасувајќи ги од историјата и проектирајќи ги во 21 век“.

– Филозофијата отсекогаш е околу нас, но сега мораме да ја направиме практична, рекол АНдерс Индсет на прашањето од публиката за тоа зошто смета дека филозофијата е неопходна на модерниот бизнис свет.

За Индсет, „чувиствелноста е родно место на креативноста“ и до тоа правило мора да се држат политичките лидери и стопанствениците. Иако признава дека тоа е тешко секојдневно да се уважува, тој смета дека чувствителнсота би можела да понуди огромен потенцијал за стопанскиот раст.

Loading...

„Филозофот на бизнисот“ во Атина рекол дека денешните лидери се „будат“ во споредба со претходните, дека свесно изведуваат дури и драстични, „револуционерни“ промени, и притоа тоа се претставува како „водење на промени“.

Неговата дијагноза е дека „современите лидери не марат ниту за победата, ниту за поразот, туку целта им е само да останат во играта“.

Leave a Reply