Човек со Алцхајмер повторно ја запросил својата сопруга: Нејзиниот потег расплака илјадници луѓе

Сподели со своите пријатели

На Питер Маршал (56) пред неколку години му била дијагностицирана Алцхајмерова болест. За жал, болеста избришала многу спомени на Питер, вклучувајќи го и фактот дека кога имал 44 години, се оженил со Лиза.

Loading...

Лиза и Питер често прелистуваат албуми со фотографии; Лиза тоа го прави по препорака на лекар кој ја советувал дека Питер ќе се сеќава на животот пред Алцхајмеровата болест толку долго. Додека еден ден ја гледал својата венчавка на ТВ, Питер реши повторно да ја запроси својата сопруга.

 

 

„Ајде да го сториме тоа“, и предложи Петер на својата сопруга.

Лиза била збунета, бидејќи не можела ни да претпостави дека тој не се препознава ниту таа ниту самиот на свадбеното видео.

– Питер покажа на ТВ, и ме замоли повторно да се омажам за него. Тој имаше голема насмевка на лицето, а јас бев тажна затоа што сфатив дека тој не знае дека сме веќе во брак, како и дека не се препознава себеси или мене на видеото што го гледавме – раскажува Лиза.

Loading...

Но, таа не сакала да го разочара човекот што го сака. Бидејќи ќерката на Лиза од првиот брак работи како организатор на венчавки, нејзината мајка ја замоли да организира нова прослава за неа и Питер.

 

Двојката уживале во церемонијата, па дури и ги обновија своите завети, но за жал, болеста на Питер напредувала толку брзо што тој престанал да се сеќава на некои детали од втората венчавка.

Сепак, тоа бил совршен ден за Лиза и таа многу убаво се сеќава на тоа.

– Не можев да сонувам за подобар ден. Беше толку нереално и магично. Не се сеќавам кога последен пат го видов толку среќен – рече таа.

Лиза го документирала животното патување на Питер на Фејсбук страница наречена „ Oh Hello Alzheimer’s“, каде споделува тешки и трогателни искуства со луѓе кои имаат некој близок болен од Алцхајмеровата болест.

 

Loading...

Leave a Reply