Според Службата за национални паркови, човечки останки повторно биле откриени на плажа во областа Лејк Мид на страната на Невада во саботата.
По четврти пат од мај е пронајден човечки скелет во езерото, каде нивото на водата продолжува да опаѓа.
Со помош на нуркачкиот тим на полициската управа во Лас Вегас, чуварите на парковите реагираа и поставија периметар за да ги извлечат остатоците.
Официјалните лица рекоа дека нивото на водата во акумулацијата е толку ниско што може да достигне статус на „мртов базен“, што значи дека водата е премногу ниска за да тече низводно.
Според американското биро за мелиорација, минималното ниво на површината на водата потребно за производство на енергија на браната Хувер е 320 метри.
Сè што е под тоа се смета за „неактивен базен“, а „мртов базен“ постои кога нивото на водата достигнува околу 270 метри, според федералната агенција.
Остатоци од човечки скелет беа пронајдени и на 7 мај во близина на заливот Калвил на езерото, објави Службата за национални паркови.
Откритието дојде една недела откако беше пронајдено тело во распаѓање во буре во близина на риболовното пристаниште Хеменвеј во акумулацијата.
Езерото Мид е резервоар формиран од браната Хувер на реката Колорадо во југозападниот дел на САД.
Се наоѓа во државите Невада и Аризона, 39 километри источно од Лас Вегас.
Тоа е најголемиот резервоар во САД по воден капацитет. Езерото Мид обезбедува вода за државите Аризона, Калифорнија и Невада, како и за делови од Мексико, како и за големи површини земјоделско земјиште.