Чопор лавови растргна чувар пред туристи во сафари парк во Тајланд (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Група лавови во сафари парк во Тајланд убија чувар на паркот пред туристи кои биле во џип во близина.

Нападот се случил во среда во Сафари Ворлд во Бангкок кога 58-годишен чувар излегол од својот џип во кафезот за лавови и му се приближил одзади еден од лавовите и го тргнал на земја, пред уште шест или седум лавови да се приклучат на нападот.

Бројни туристи во автомобили се обиделе да ги избркаат животните со извици и свирки, но не успеале, и само по 15 минути дошле вработените во паркот и успеале да ги избркаат лавовите и да стигнат до жртвата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европска земја воведува супер радар на патиштата: Едвај е видлив и ги евидентира сите прекршоци

Чуварот, кој работел со лавови речиси 30 години, бил итно префрлен во болницата Интрарат, но лекарите можеле само да го прогласат за мртов, пишува Нејшн Тајланд.

Според извештаите, полицијата верува дека чуварот на зоолошката градина ги прекршил строгите безбедносни протоколи со напуштање на своето возило, бидејќи сафари зоната достапна за автомобили има политика на забранет излез и за персоналот и за посетителите.

Одделот за национални паркови, див свет и заштита на растенијата (DNP) нареди привремено затворање на сафари зоната додека се спроведуваат безбедносни проверки.

„Инцидентот ќе биде дополнително истражен за да се утврди што се случило“, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес во Анкара: Луѓето избегаа на улиците (ВИДЕО)

Сафари паркот веќе се соочува со критики затоа што дозволил мајмун орангутан да прегрнува и допира туристички за фотографирање и затоа што им наплаќал на посетителите 26 фунти за хранење лавови и тигри.

Сопственоста на лавови е легална во Тајланд, каде што популацијата на лавови во заробеништво се зголеми на речиси 500 во зоолошки градини, фарми за размножување, кафулиња за милување, па дури и приватни домови во последниве години.