Членовите на Bar Gladiators со нови 12 медали и пехар од натперварот во Србија

Сподели со своите пријатели

На последниот натпревар кој се одржа во Ваљево на 01.11.2015 гладиаторите од Куманово се закитија со вкупно 12 медали од кои 3 златни, 5 сребра и 4 бронзени.

Loading...

Пехарот за најдобар натпреварувач во младинска категорија до 18 години го освои Гордан Крстиќ со освоени три сребра во категориите руски згибови, згибови и чучњеви и едно злато во категоријата ,,Пропадања’’.

Пехарот за трето место му припадна на новиот член Јован Спасовски кој освои 2 сребра во категориите склекови и пропадања, како и 2 бронзи за гибови и чучњеви со што ги оправда Гладиаторските очекувања и покажа зошто е во овој тим.

Во втората категорија над 18 години свое шоу имаа Даниел Митковски и Роберт Ангеловски.
Митковски покажа дека се е возможно и дека нема аутсајдери и фаворити кога е во прашање ваков натпревар.

Го изненади најголемиот фаворит воедно и освојувачот на прво место за севкупно најдобар натпреварувач Иван Маркиоли, членот на Bar Brothers и докажа дека може да стои рамо до рамо на подиумот со најголемите освојувајќи прво место во категорија пропадања.

Од друга страна Ангеловски со освоено трето место во категоријата чучњеви, и овој пат убедливо со прво место во категоријата склекови покажа дека не влијаеше лошо неговиот претходен натпревар без медал во Бор.

Даниел Каранфиловски заврши третопласиран во категоријата склекови и се закити со бронзен медал, додека Милан Петковски не успеа да се закити со медал.

Како што истакнуваа од Bar Gladiators по овој натпревар ќе ги започнат подготовките за новата сезона, во која се надеваат на нови успеси.

Loading...