Членови на „Бар Гладијаторс“ ќе учествуваат на натпревар во Србија

Сподели со своите пријатели

Даниел Каранфиловски, Гордан Крстиќ, Роберт Ангеловски и Јован Спасовски, членови на кумановскиот street workout состав „Бар Гладијаторс“ следниот викенд ќе учествуваат на интернационален натпревар во Србија.

Од 23 до 25 јули, кумановци заедно со претставниците на „Rise Up Bars“ од Скопје, Стјепан и Александар ќе ги бранат боите на Македонија на streetworkout натпреварот.

Овој натпревар на тимот ќе треба да му послужи како загревање и влегување во натпреварувачки дух за натпреварот кој во септември ќе се одржи во Пула, Хрватска, на кој исто така ќе земат учество.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.