„Членките на Г20 одговорни за решавање на кризата со глад“

Сподели со своите пријатели

Геополитичките тензии не ги ослободуваат членовите на групата Г20 од одговорност за решавање на најголемата криза со снабдување со храна во последните 40 години, предупредија меѓународните хуманитарни организации пред самитот на Г20 на Бали.

Loading...

„Г-20 мора да преземе конкретни активности за да се справи со шокантната социјална нееднаквост и да забележи профит (од компаниите) на сметка на луѓето со ниски приходи“, рече Тобијас Хаусшилд, советник за политика во германската филијала на Оксфам, пред самитот.

Нееднаквоста дополнително ја продлабочуваат повеќекратните глобални кризи, нагласи Хаушилд, предупредувајќи на „скандалозната противречност“ меѓу зголемениот број гладни луѓе и сумата што некои компании ја заработуваат од кризи, пренесува Хина, повикувајќи се на агенцијата ДПА.

„Светот произведува повеќе од доволно храна за секого“

Околу 828 милиони луѓе гладуваат, а компаниите од групата Г20 остваруваат рекордни профити, повтори тој, посочувајќи дека некои германски компании оваа година ќе им исплатат рекордна дивиденда на акционерите.

Сиромашните земји, пак, лани мораа да издвојат 27,5 отсто од буџетот за отплата на долговите, четири пати повеќе отколку што потрошиле за здравствена заштита и дванаесет пати повеќе отколку што издвоиле за социјална заштита.

„Светот произведува повеќе од доволно храна за секого, а е сведок на најтешката криза во снабдувањето со храна во последните 40 години“, потенцира директорот на невладината организација ОНЕ, Стефан Ексо-Крајшер.

Ситуацијата е повеќе од критична

Ситуацијата е повеќе од критична, и тоа не само од почетокот на руската инвазија на Украина, која го поттикна растот на цените на енергијата и храната, нагласи Ексо-Крајшер.

Г20 страда поради геополитичката ситуација, „но тоа не ја намалува одговорноста на членките да направат нешто, всушност драматично ја зголемува“, смета Фридерике Родер од Global Citizen.

Loading...

Форматот на Г20 треба да биде доведен во прашање доколку најбогатите и најмоќните земји во светот не постигнат напредок во борбата против климатските промени, гладот ​​и сиромаштијата, смета Родер.