Читањето за задоволство води до подобро емоционално здравје

Сподели со своите пријатели

Читањето за задоволство води до подобро емоционално здравје.

Таков е заклучокот од извештајот на независната добротворна организација “The Reading Agency”. Тој нагласува дека придобивките се најголеми кај децата и младите. Извештајот е изготвен врз основа на 51 научни публикации во книжевниот сектор.

Научните истражувања се правени врз деца, тинејџери и возрасни, како и врз луѓе во добра и лоша здравствена состојба. Научниците откриваат дека најголеми се придобивките од читањето за задоволство кај децата и тинејџерите. Студија во Германија во 2014 година, при што деца на возраст помеѓу 7 и 9 години се вклучени во посебна литературна програма, покажува дека читањето води до подобро разбирање на емоциите и нивно подобро изразување со зборови. Научниците во САД, пак, во 2008 година дошле до заклучок дека читањето и разговорите за книги доведуваат до изградба на социјален идентитет кај младите.

Меѓу другите придобивки од читањето за задоволство се спознание за себе и за другите, акумулација на социјален и културен капитал, развој на имагинацијата, намалување на стресот и негативните емоции. Од “The Reading Agency” дополнуваат дека тоа носи бенефиции на луѓе од сите возрасти. Медицински материјали покажуваат дека читањето ублажува симптоми како деменција, депресија и проблеми со видот.

Сепак од добротворната организација истакнуваат дека анкетите се премногу различни и тешко е да се категоризираат сите ефекти од читањето за задоволство. Од таму повикуваат на повеќе фокусирани и конкретни истражувања во оваа сфера.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.