„Чистота и зеленило“ воведува посебни мерки во работењето (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со новонастанатата состојба, Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од Куманово во следниот период ќе работи и ќе презема интензивни мерки, информираше денеска директорот „Даниел Стојчевски“.

Loading...

– Започнавме со редовно миење на улиците, а од утре започнуваме и со дезинфекција на контејнерите и нашата опрема со која распоалгаме. Би сакал граѓаните да имаат разбирање поради метежот кој ќе настане во сообраќајот поради процесот кој ќе се одвива и воедно да упатам еден апел да ги почитуваат граѓаните препораките со цел да бидат заштитени самите, и луѓето околу нив, изјави Стојчевски.

Првиот човек на кумановското комунално претпријатие апелираше сите да се придржуваат кон мерките, воедно и поради заштита на вработените во „Чистота и зеленило“ поради непречено вршење на нивните работни обврски.

Никола Ивановски

Leave a Reply