Чисти, но прободени образи како древен ритуал (галерија)

Сподели со своите пријатели

Тиe чувствуваат болка, но сметаат дека болката и страдањето се добри за човекот затоа што го прават подобра. Секоај година последниот ден од септември на тајландскиот остров Пукет, група внимателно изберени момчиња во таоистичкиот храм Самконг проаѓаат нис селата и улиците на овој град. Нивните лица се прободени со игли, мечеви и други наострени предмети.

Loading...

[huge_it_gallery id=”209″]

Само мажите може да бидат дел од Ма Сонг и мора да бидат чесни со чист образ. Нивната поворка ја следи песна од мештаните кои ги благословуваат, а нивната болка им носи среќа, добро здравје и мир кај луѓето. Подготовките за овој необичен подвиг траат со недели и подразбираат долго постење и земање на посебни стимуланси.

Никој не знае кога точно е соградено таоистичкото светилиште Самконг во Пукет на Тајланд чии поколници ги прободуваат своите образи со мечеви. Се зборува дека во 19 век едно добростоечко кинеско семејство подарило земја и слики на некои таоистиччки божества за идниот храм. Набргу потоа храмот станалцентар на духовниот живот на граѓаните, каде одат по совет кога некој ќе се разболи или сакаат да си го подобрат здравјето.

Во храмот Самконг седи медиум низ кој божеството комуницира со народот. Во 19 век имало проблем со медиумот затоа што никој ништо не разбирал, бидејќи медиумот бил човек кој некогаш работел во кинеската царска палата и зборувал јазик кој селаните не го разбирале. Проблемот е решен кога божеството започнало да ги советува селаните на нивниот дијалект.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.