Чин го повика Блинкен Америка да не се меша во внатрешните работи на Кина

Сподели со своите пријатели

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг денеска во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Америка треба да престане да се меша во внатрешните работи на неговата земја, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Разговорот меѓу двајцата високи функционери се одржа пред планираната посета на Блинкен на Пекинг, чија цел е да се стабилизираат заладените односи меѓу двете земји за повеќе прашања, од наводи за шпионажа до конфликти со полупроводници, пренесува Ројтерс.

За време на разговорите, Чин рече дека се надева оти Америка ќе покаже разбирање, ефикасно ќе управува со разликите и ќе ја промовира комуникацијата и соработката.

Чин, исто така, истакна дека Америка треба да ги почитува клучните грижи на Кина, како што е проблемот со Тајван.

Тој исто така изрази надеж дека односите меѓу Кина и САД ќе се стабилизираат и ќе се вратат на патот на здрав и стабилен развој.

Кинеското Министерство за надворешни работи допрва треба да објави информации за патувањето на Блинкен, но американски официјален претставник минатиот петок изјави дека американскиот државен секретар ќе биде во Пекинг на 18 јуни, без да даде дополнителни детали, пренесува Ројтерс.

Во февруари Блинкен го откажа планираното патување во Пекинг поради наводен кинески шпионски балон кој леташе над американска територија, пренесува Танјуг.