Четврток ќе биде врел ден со дожд во попладневните часови

Сподели со своите пријатели

Четврточно утро ќе започне со сосема мала облачност низ северниот дел од земјата. Утрово е топло, а температурата во 7 часот има вредност околу 21°С низ низинските места.

Loading...

Денеска се очекува промена на времето заради спуштање на нешто постудена маса од север. Иако овој продор во делови од Хрватска, Словенија и северниот дел на Србија донесе појава на невреме, сепак истиот е значително ослабнат и кај нас ќе донесе локална нестабилност со умерен интензитет.

Развој на нестабилна облачност рано попладне се очекува во северните и западните делови од земјата, и тоа од местимичен карактер. Подоцна попладне и навечер оваа облачност ќе се развива и во јужниот регион од земјава.

Поголеми се условите и веројатнста оваа облачност да се развива повеќе околу планинските региони и потоа истата да донесе дожд во нивната околина. Локално дождот ќе има повремен пороен карактер и ќе биде проследен со грмежи.

Денеска максималната температура ќе достигне околу 38 целзиусови степени  во југоисточниот крај, додека во југозападниот таа ќе има вредност од 34°С до 36°С, и од 33°С до 35°С во северниот регион.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.