Четворица повредени во втора сообраќајка во Куманово вчера

Сподели со своите пријатели

Во друга сообраќајна незгода која се случила вчера во 16:15 часот во атарот на селото Романовце, на локалниот пат Куманово – село Романовце, кај местото викано „Мачја глава“, повредени се четири лица, од кои две потешко.

Loading...

До незгодата дошло при судир помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Куманово и патничко возило „бмв“, со швајцарска национална ознака, управувано од А.Д.(29) од селото Романовце, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот  на возилото „фолксваген поло“ и друг малолетен сопатник во истото возило, додека со телесни повреди се здобиле А.Д. и С.Б.(39) од Куманово, совозач во возилото „бмв“, констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото на незгодата извршиле екипа на СВР Куманово и Јавен обвинител.

Никола Ивановски

Leave a Reply