Четворица повредени во сообраќајна незгода на автопатот Куманово – Скопје

Сподели со своите пријатели

Четири лица се повредени во сообраќајна незгога што рано утринава се случила на автопатот Куманово – Скопје, кога комбе на Царинската управа на Македонија се превртело на автопатот кон обиколницата.

Двајца од повредените веднаш биле пренесени во Градската општа болница „Наум Охридски“, додека другите двајца на Клиничкиот центар Скопје, откако утринава во 7:15 часот се здобиле со повреди од сообраќајката.

Loading...

Екипи на Министерството за внатрешни работи извршиле увид на местото на несреќеата, по што ќе се утврдуваат причините поради кои се случило превртувањето на возилото. Засега нема информации за сериозноста на повредите на четворицата царници.