Пет лица повредени при судир на „хонда“ и „цитроен“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пет лица, од кои две малолетни, се повредени при сообраќајна незгода со судир на „хонда“ и „цитроен“ во Куманово.

Loading...

– На 07.05.2024 во 15.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Видое Смилевски Бато“ се случила сообраќајна несреќа  помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(52) од Куманово и патничко возило „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(33) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Т., додека неговата сопатничка М.Т.(19), возачот М.Д и негови двајца малолетни сопатници, сите од Куманово,  се здобиле со телесни повреди констатирани во Ургентен центар Куманово.

– По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, стои во соопштението.

Никола Ивановски