Четворица кумановци приведени при обид да извршат кражба

Сподели со своите пријатели

Четири лица од Куманово вчера попладне биле приведени додека се обидувале да извршат кражба.

Loading...

– На 21.03.2022 година во 16.35 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.Б.(27), С.Д. (21), С.А.(26) и Р.Р.(26), сите од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, тие биле затекнати во земјоделски објект во село Доброшане, кумановско, при обид да извршат кривично дело „тешка кражба“.

Кај нив биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Никола Ивановски