Четворица кумановци кандидати за пратеници на СДСМ

Сподели со своите пријатели

Четворица кумановци се на кандидатската листа на Социјалдемократскиот сојуз за пратеници од втората изборна единица.

Loading...

Носител на листата е Оливер Спасовски, на 5та позиција е претседателот на Општинската организација на СДСМ Куманово и актуелен директор на „Службен вестник“, Мартин Костовски, на 12то место е доскорешната пратеничка Лидија Тасевска, а Драгана Коцевска е на 16то место.

Покрај Спасовски, жената носител на кандидатска листа во втората изобрна единица е актуелната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, доскорешниот пратеник Мухамед Зекири, Даниела Марковска, Љатифе Шикоска, Славјанска Петровска,  Марија Стрезовска- Матевска, Ферат Асани, Санела Шкријељ, Абдула Маровци, Иван Марковиќ Старо Нагоричане, Ленче Радосављевиќ, Јована Стојчевска.

Коалициските партнери исто така ќе добијат места на листата.

Вечерва партијата одржува 24ти конгрес во Скопје, каде се утврдуваат кандидатските листи за претстојните парламентари избори закажани за 12 април.


Leave a Reply