Четворица кумановци извлекле подебел крај во скопска Кисела Вода

Сподели со своите пријатели

Масовна тепачка во која, според очевидци, учествувале дваесетина момчиња, се случила по полноќ во скопската населба Кисела Вода, јавува Утрински весник. 

Loading...

Од полицијата соопштуваат дека инцидентот се случил на паркингот зад кулите Расадник кога четворица кумановци биле нападнати од непозната група. Тројца успеале да побегнат, а четвртиот, кој бил на возраст од 23 години, добил неколку удари со клоци и тупаници. Подоцна, еден од неговите другари повикал полиција.

“Според нивните кажувања, нападот бил извршен без повод и причина. Работиме на расчистување на случајот”, ни рекоа од полицијата.

Жителите на околните згради велат дека се слушала силна врева, граѓаните се исплашиле за својата безбедност и за имотот, оти не се знаело кој каде и кого удира.

“Како што разбравме, кумановците дошле да се пресметаат со некои деца од Припор, со кои биле во кавга. Но, Припорчаните бргу се организирале, па на помош им дошле дваесетина другари. Кумановците се сокрија во еден локал, по што беше повикана полиција”, раскажуваат во Кисела Вода.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *