Четири сантиметри снег во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири сантиметри снег во текот на изминатите 24 часа наврнале во Куманово, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Најмногу снег има на Маврови Анови, вкупно 19 сантиметри, каде утринава е измерена и најниската температура од 9 степени под нулата, додека Куманово се разбуди на -3.

Во текот на ноќта и изутринава времето беше претежно облачно со повремени врнежи од снег и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Облачно и не многу студено со повремени врнежи претежно од снег е временската прогноза на синоптичарите при УХРМ за денеска. Пообилни врнежи се очекуваат во источните делови.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со слаби врнежи од снег. Максималнта дневна температура ќе достигне 1 степен над нулата.

Во текот на утрешниот ден во кумановско времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и максимална температура од три степени целзиусови.

Никола Ивановски / фото: архива

Loading...

Leave a Reply