Четири прекршувања на полицискиот час, 66 казни за маски во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири лица во текот на изминатото деноноќие ја прекршиле забраната за движење во Куманово, додека пак поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето биле казнети 66 лица.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (06.04/07.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 101 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најмногу се во Куманово 66, во Крива Паланка 23 и во Кратово 12.

За истите, како што појаснуваат од полицијата, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период 4 (четири) лица не ја почитувале забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply