Четири пожари вчера низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Четири интервенции, од кои три на запалена сува трева, имале кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 13:50 до 14:25 часот тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале на запалена сува трева кај м.в. Митев мост.

Сува трева горела и во селото Долно Којнаре, каде тројца пожарникари интервенирале од 15:30 до 16:55 часот.

И во населбата Карпош горела сува трева, таму исто така тројца пожарникари гаснеле ноќва во период од 03:33 до 04:15 часот.

На улицата „Моша Пијаде“ ноќва изгорела и автомобил. Интервенирале тројца пожарникари во период од 01:40 до 02:30 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува невреме. Температурите остануваат екстремно високи

Никола Ивановски