Четири медали за „Д Стронгест“ Куманово од турнирот во бразилска џиу џица (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Четири медали освоија членовите на клубот „Д Стронгест“ Куманово кои изминатиот викенд настапија на овогодинешниот ADCC Macedonia Open турнир во бразилска џиу џица.

Loading...

 

 

Клубот настапи со вкупно седум натпреварувачи од кои со сребро се вратија Димитриј Миљановиќ и Матеј Трајковски кои се натпреваруваа во почетнички категории, додека Андреј Стојановски и Марио Здравковски се вратија со бронза во професионални категории.

 

 

Loading...

Од клубот додаваат дека по солидниот настап на овој турнир следуваат подготовки за летниот БЏЏ камп кој следи како и за турнирите во иднина.

Никола Ивановски