Четири лица загинаа во напад на воено возило во Авганистан

Сподели со своите пријатели

Во напад на воено возило во западен Авганистан, четири лица загинаа, а пет се повредени, соопшти денеска портпаролот на Министерството за одбрана.

Loading...

„Утринава непознати вооружени лица нападнаа возило во кое се наоѓаше медицински персонал на 207-миот армиски корпус Ал Фарук“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана Енајатула Ковразми.

Не е соопштено под кои околности се случил овој инцидент.