Четири лица загинаа во циклон во Нов Зеланд, по што земјотрес погоди два острови

Сподели со своите пријатели

Циклонот Габриел, кој во последните денови го опустоши северниот дел на Нов Зеланд, полека се повлекува, но зад себе остави четворица загинати, меѓу кои и едно дете, како и повеќе од 10.000 раселени лица и голема материјална штета од поплавите.

Loading...

За ситуацијата да биде уште потешка, Нов Зеланд го погоди земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала.

Многу области, кои опфаќаат околу 160.000 домаќинства, сè уште се без електрична енергија.

Полицијата добила информации за повеќе од 1.440 исчезнати лица во поплавите, но верува дека повеќето од нив ќе бидат пронајдени, пишува Гардијан.

Новозеландскиот премиер Крис Хипкинс изрази „длабока загриженост“ на полицијата за судбината на исчезнатите.

Циклонот што го погоди северниот дел на Нов Зеланд ги принуди луѓето во погодените области да пливаат од своите поплавени домови за да се спасат од поплавите.

Владата на Нов Зеланд вчера прогласи вонредна состојба во целата земја, што се случи само трет пат во историјата на земјата.

Хипкинс изјави дека моменталната временска катастрофа во оваа земја е најлоша во овој век.

Loading...

Покрај невидените поплави, Нов Зеланд го погоди и земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер, пренесува „NZ Herald“.

Земјотресот најмногу го погоди северниот остров, а се случи на длабочина од 48 километри.

Не се знае дали има жртви, додава порталот од Нов Зеланд.

Повеќе од 60.000 луѓе на Јужните и Северните Острови објавија дека го почувствувале земјотресот, вклучително и оние во Окленд и Крајстчерч.