Четворица кандидати ќе влезат во трката за прв човек на општинта Старо Нагоричане и нивните кандидатури се официјално потврдени.
Во меѓувреме до Општинската изборна комисија се поднесени осум кандидатури за листи на советници, од кои, како што појасни денеска претседателот на ОИК, Марјан Даиловски, една листа се уште не е потврдена.
– Работиме на листите се уште, за градоначалници имаме четири листи, сите се партиски и сите се потврдени до сега. За совет имаме осум листи од кои една уште не е потврдена, седум се потврдени, една се уште не е, чекаме немаме добиено потврда за едно лице од Основен суд Скопје 1 за едно лице, изјави Даиловски.
Во трката за градоначалник влегуваат:
– Андреј Димитриевски, ПП Левица
– Мирослав Славковски, коалиција на ВМРО-ДПМНЕ
– Далибор Трајковски, коалиција на СДСМ
– Власте Димковиќ, ПП ССМ (Српска странка во Македонија)
Поднесени се вкупно осум листи со кандидати за советници и тоа:
– Движење ЗНАМ – За наша Македонија – носител Милош Стојмановски
– ПП Левица – Носител Иван Зарев
– Коалиција Твоја (ВМРО-ДПМНЕ) – Ивица Димквоски
– ПП Единствена Македонија – носител Саша Андоновски
– Група избирачи Зоран Петровски – носител Зоран Петровски
– Коалиција СДСМ – носител Иван Марковиќ
– ПП ССМ – Носител Дејан Јовчиќ
– Осмата листа е на – Група избирачи Далибор Серафимовиќ, која се уште има статус непотврдена.
Во Општина Старо Нагоричане ќе се гласа на 36 избирачки места.
Никола Ивановски