Честитка од градоначалникот Зоран Дамјановски по повод Рамазан Бајрам

Сподели со своите пријатели

Припадниците на исламската вероисповед денес го празнуваат најголемиот празник Рамазан Бајрам, а по тој повод со своја честитка истапи и првиот човек на Општина Куманово, градоначалникот Зоран Дамјановски.

На сите граѓани од исламска вероисповест им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам со желба за добро здравје, среќа,  радост и успех во животот. Овие моменти се добра можност за изразување на заемна почит и пријателство меѓу луѓето од различна вероисповест. Се надевам дека и понатаму ќе продолжиме да ја почитуваме верската различност и да ја негуваме толеранцијата, да градиме соживот и добри меѓучовечки односи. Ви посакувам пријатни празнични денови исполнети со мир и благосостојба – стои во честитака на Дамјановски.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.