Честитка од Градоначалникот Зоран Дамјановски по повод Илинден

Сподели со своите пријатели

Честитка по повод најголемиот национален празник во Република Македонија испрати и градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски до сите граѓани на општината.

Историската и духовната традиција на овој празник се доказ за непокорливоста на македонскиот народ, а неговоото празнување е оддавање почит  на битката за самостојност и независност. Денеска им оддаваме почит на нашите херои кои го дале својот живот за слободна и независна Македонија, дом за сите граѓани кои живеат тука. Денес се навршуваат 113 години од почетокот на Илинденското Востание и 72 години од првото заседавање на АСНОМ. По тој повод на сите жители на Куманово и на сите граѓани на  Република Македонија, им го честитам големиот национален празник Илинден – стои во честитката на Дамјановски.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...