Честитка на градоначалникот Димитриевски по повод празникот Рамазан Бајрам

Сподели со своите пријатели

По повод еден од двата најголеми празници на исламот, честитка до верниците упати и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, со желба за среќа, радост и добро здравје.

Loading...

– На сите верници од исламската вероисповед им го честитам големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам. Ви посакувам празничните денови да ги минете во среќа, радост и добро здравје, во кругот на семејството и на најблиските. Взаемното почитување и славењето на празниците на различните верски заедници, се столб на градење на соживотот, но и пример кои треба да го следат идните генерации на наше мултиетничко Куманово, стои во честитката на Димитриевски.

Leave a Reply