Чесите испиле најмалку пиво во последните 50 години: „Само“ 135 литри по жител

Сподели со своите пријатели

Потрошувачката на пиво по глава на жител лани паднала за пет проценти, на 135 литри, што е најниско ниво од 1960-тите години, објави ЦСПС во Прага, пишува порталот Seebiz.eu.

Loading...

Падот е последица на неколкумесечното затворање на пабовите, рестораните и угостителските објекти со цел да се потисне ширењето на „ковид-19“.

– Не можам да се сетам дека пабовите и рестораните некогаш работеле толку лошо, рече претседателот на здружението на пивари, Франтишек Самал.

 

 

Во 2019 година, Чесите испиле третина пиво, претежно свежо точено, во пабови, а минатата година тој дел се намалил за една четвртина.

Вкупното производство на пиво минатата година паднало за 1,5 милиони хектолитри, на 20,1 милиони.

Loading...

Извезени се околу 5 милиони од нив, помалку отколку во претходната година, што значи дека пандемијата го прекинала осумгодишниот раст на извозот, пишува порталот Seebiz.eu.

Најмногу паднала продажбата на точено пиво, додека продажбата на конзервирано пиво се зголемила.

 

 

Здружението на пиварите повика наскоро да им биде дозволено да работат баровите на отворено, за да не бидат принудени трајно да ги затвораат вратите.

Чешка има долга традиција на производство на пиво. Пивото Лагер е дизајнирано во 1842 година според рецептот на Пилсен во западна Бохемија, а неодамна е основана низа од преку помали пиварници, посочува агенцијата ДПА.

Leave a Reply