Чеченците најавуваат: Водиме џихад во Украина, ќе стигнеме до Берлин ако Путин не нѐ спречи

Сподели со своите пријатели

Претседателот на чеченскиот парламент, Магомед Даудов, изјави за новинарите дека чеченските борци во Украина првенствено водат џихад за одбрана на исламот.

Loading...

Даудов вели дека доколку Путин не ги спречи, ќе продолжат додека не стигнат до Берлин.

„Да даде Бог, нема сомнеж дека ќе ги освоиме Доњецк, Миколаив, Херсон, Одеса. Се додека Владимир Путин не сопре, ако даде Бог, ќе стигнеме до Берлин. Ќе победиме, нема сомнеж“, им рече тој на новинарите.

Додека Кремљ тврди дека Русија ја започнала инвазијата поради денацификација на Украина, чеченскиот лидер вели дека нивните војници се борат за својата вера и ги штитат нивните вредности.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијарто: САД и ЕУ не бегаат од ширење на украинскиот конфликт во целиот свет

„Претседател Владимир Путин, денес Рамзан Кадиров, нашите браќа го бранат исламот, тоа е првото и најважно. Тие ги бранат нашите вредности. Тие го бранат величеството на Севишниот. Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија, игра голема улога во овој џихад, како и сите команданти под негово раководство. Ова е пред сè поради вербата во Семоќниот, поради нашите духовни вредности и нашиот јазик“, рече Даудов.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...