Чеченци силувале новинарка пропагандист на Путин?

Сподели со своите пријатели

Според некои украински медиуми, Русија ја тресе голем скандал откако во јавноста протече писмо од руската телевизија НТВ, во кое се наведува дека нивната новинарка била силувана во окупираниот град Мелитопол.

Loading...

Олга Зенкова, пропагандист на рускиот претседател Владимир Путин, била испратена во Мелитопол да известува од градот, кој Русите го зазеле на самиот почеток на војната.

Меѓутоа, како што се наведува, налетала на озлогласената чеченска бригада и војниците наводно ја силувале новинарката и го претепале снимателот.

Украинците пишуваат дека за оваа страшна случка дознале сосема случајно, бидејќи во јавноста протече жалбата на НТВ, во која управата го повикала Истражниот комитет на Руската Федерација да го истражи случајот, пренесува „Јутарњи лист“.

Официјалниот документ бил испратен до шефот на Истражниот комитет, а самата телевизија не сакала ништо да коментира за да се избегне „дискредитација на руската армија“.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...