Чарлс Трети ја започнува тридневната официјална посета на Франција

Сподели со своите пријатели

Британскиот крал Чарлс Трети денеска ја започнува тридневната официјална посета на Франција, за време на која ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон со цел да се подобрат односите меѓу двете земји.

Loading...

Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе ја започнат својата посета на Франција со присуство на церемонија на Триумфалната капија во Париз, на која тимовите на воздухопловните сили од двете нации ќе покажат аеробатски вештини, објави Ројтерс.

Британската кралска двојка, заедно со францускиот претседател и неговата сопруга Брижит, утре ќе ја посетат катедралата Нотр Дам за да видат како се постигнува напредок во реставраторските работи по пожарот во 2019 година што го уништи покривот на црквата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун

Претставник на Елисејската палата изјави дека посетата на британскиот крал ќе биде можност за подобрување на односите меѓу двете земји, кои се нарушени по излегувањето на Велика Британија од ЕУ во 2020 година, пренесува Танјуг.

Кралот Чарлс планираше да ја направи Франција првата земја што ќе ја посети откако ќе стане крал, но патувањето планирано за март беше одложено поради протестите во Франција поради предложените пензиски реформи.