Централна прослава во Скопје по повод Денот на независноста

Сподели со своите пријатели

По повод големиот државен празник, Денот на независноста – 8 Септември, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе се обрати на централната свечена прослава, која под мотото: „Обединети во слободата“ ќе се одржи в четврток на 8 септември во 19:30 часот на платото кај паркот „Ибни Пајко“.

Loading...

Во рамки на свечената прослава, планирани се изведби и музички солистички нумери од познати пејачи и групи, како и атрактивно шоу на диск-џокеј, а истата ќе се пренесува во живо и на Националната радио-телевизија, како и на каналите на социјалните мрежи на Владата на Република Северна Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

На прославата за граѓаните организирана е богата музичка програма, а ќе присуствуваат и претставници на дипломатскиот кор, стопанственици, претставници на граѓански организации, соработници. Под мотото „Обединети во слободата“, го славиме 8 Септември – Денот на независноста.