Центарот за социјална работа Куманово започна прием на барања за образовен додаток

Сподели со своите пријатели

Јавната Установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово информира дека започна со  прием на барања за остварување на правото на додаток за образование за учебната 2022/2023 година (за ученици во основно и во средно образование).

Loading...

Правото на додаток за образование го остварува мајката на детето-редовен ученик во основно и/или средно образование согласно Законот за заштита на децата.

Ова право се остварува во зависност од материјалната состојба на домаќинството и истото може да го оствари дете во домаќинство чии вкупни просечни месечни приходи остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користењето на правото по сите основи на сите членови во домаќинството се во висина до прагот за пристап на правото на додаток за образование согласно Законот за заштита на децата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Девојче од Куманово нападнато додека се враќало од училиште

За корисниците на гарантирана минимална помош согласно Законот за социјалната заштита, не се утврдува материјалната состојба на домаќинството.

Исплатата на оствареното право на додаток за образование за дете/ца се врши на мајката доколку детето/цата редовно присуствува/аат на најмалку 85% од вкупниот број на реализирани наставни часови во тековната година.

За учениците во основно образование надоместокот изнесува 2.211 денари, додека за учениците во средно образование надоместокот изнесува 3.158 денари кој се исплаќа на квартално ниво или на секои 3 месеци  што вкупно по дете ученик во основно образование изнесува 8.844 денари, додека за дете во средно образование 12.632 денари на годишно ниво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 93.000 лица утре со право на глас во Куманово

За учебната 2021/2022 година ова право преку нашиот Центар го оствариле вкупно 3646 деца од кои 2560 ученици во основно образование и 1086 ученици во средно образование.

Барањето за остварување на правото на додаток за образование се поднесува до надлежниот центар за социјална работа, за корисниците од општина Куманово и Старо Нагоричане во просториите на детска заштита, за корисниците од Општина Липково во просториите на Службата во Липково.Освен барањето кое корисниците можат да го добијат на шалтерските служби задолжително се доставува потврда за редовно школување издадена од училиштето кое детето го посетува.

Loading...

Интегрално соопштение: Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 3.000 лица со право на глас во Старо Нагоричане