Центарот „Браин Гинис“ од Куманово со 16 трофеи и 35 медали од државниот Бреинобреин натпревар (галерија)

Сподели со своите пријатели

Франшизниот центар од Куманово се закити со 16 трофеи, 21 златни и 14 сребрени медали во конкуренција од 18 други центри од Република Македонија во рамките на четвртиот „Brainobrain Fest“ кој неделава се одржа во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

 

Loading...

FB_IMG_1458111932095

 

Во конкуренција од 600 учесника, кумановскиот центар се здоби со брилијантни резултати , а четири дечиња освоија максимален број на поени во своите категории.

Особено сме горди поради тоа што оваа е трета година како функционираме, меѓутоа сега прв пат се претставивме со презентација на мулти таскинг способности и вештини, свириме на флејта, рецитираме „Т’га за југ”, играме, и во исто време визуелизираме абакус и одговараме точно на диктат од 15 едноцифрени броеви. Тоа е големината на Brainobrain. Оваа програма не е оптеретување, туку напротив е помош на децата за полесно и поквалитетно учење – вели Биљана Ивановска, психолог и претседател на Здружение за умствен развој „Браин Гинис“ – Куманово.

FB_IMG_1457943090656

 

Според Ивановска совесноста и свесноста на родителите да им пружат на своите деца ваква едукација со животни вредности е се поголема,меѓутоа не секое семејство може да си приушти Brainobrain на своето дете.

Поради тоа упатуваме апел до сите владини и невладини организации да се вклучат во помош да овозможиме што поголем број и на социјално загрозени семејства, како и на самохрани родители да ги видат бенефитите од лидерската институција Brainobrain – потенцираше Ивановска.

FB_IMG_1458114906019

 

Специјален гост на натпреварот беше познатиот ракометар Стојанче Стоилов, кој ги поздрави присутните деца и им посака среќа во триминутното решавање на тестови, со порака дека само вежбањето и упорноста да се истрае, дава резултати и стигнување до посакуваната цел.

FB_IMG_1458114878505