Цените на недвижности во Германија во 2023 година паднале за 8,4 отсто

Сподели со своите пријатели

Цените на станбените недвижности во Германија паднаа за 8,4 отсто на годишно ниво во 2023 година, објави денеска германската федерална статистичка служба Destatis.

Loading...

Ова е најголем пад на цените на станбените недвижности во Германија на годишно ниво од 2000 година, кога Дестатис почна да ги води овие статистики, пренесува Танјуг.

Како што е наведено на веб-страницата, во периодот од 2008 до 2022 година, цените на станбените недвижности во Германија растеле континуирано на годишна основа, па лани имало пресврт по подолг временски период.

Ако ги погледнеме статистиките за четвртиот квартал од 2023 година, цените на станбените недвижности паднаа за 7,1 отсто во споредба со истиот квартал од 2022 година.

Институтот за економски истражувања ИФО со седиште во Минхен минатата недела објави извештај во кој се наведува дека германското домување е „во длабока криза“ и дека ситуацијата најверојатно нема да се подобри во 2024 година.

Индексот што го мери расположението на германските компании во изградбата на станови падна во февруари од минус 60,7 поени во јануари на 61,9 поени, што е најниско од 1991 година кога ИФО го започна ова истражување.