Цените на нафтата паднаа минатата недела за околу 2 отсто

Сподели со своите пријатели

На светските берзи цените на нафтата паднаа за околу 2 отсто минатата недела, бидејќи трговците се скептични за намалувањето на производството на ОПЕК и поради тоа што слабоста на економијата може да доведе до натамошен пад на побарувачката.

Loading...

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,1 отсто, на 78,88 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,9 отсто, на 74,07 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници одлучија да го намалат производството во првиот квартал од следната година за приближно 700.000 барели дневно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

ОПЕК+ произведува повеќе од 40 отсто од светската нафта и веќе подолго време го намалува производството со цел да ги поддржи цените кои паднаа од речиси 100 на околу 80 долари за барел поради слабеењето на економијата, а со тоа и побарувачката на нафта.

Првично, одлуката на ОПЕК го поддржа растот на цената на нафтата, но набрзо тие паднаа бидејќи трговците се скептични, со оглед на тоа што производителите доброволно ќе го намалат производството и нема да има контроли.

Аналитичарите, пак, очекуваа дека намалувањето на производството ќе биде поголемо и дека ќе инсистираат на почитување на договорените квоти.

Одлуката „нема да ја смири конфузијата на нафтениот пазар, на кој ќе му требаат недели и месеци да дознае како стојат работите, а под услов извештаите што самите производители ќе ги состават да бидат навистина веродостојни“, објаснува аналитичарот на PVM, Џон Еванс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Под притисок се и цените на нафтата поради натамошното слабеење на најголемите светски економии.

Loading...

Глобалните податоци за индустријата, исто така, покажаа слабост во ноември поради слабата побарувачка.

Индустриската активност во еврозоната повторно се намали, објави S&P Global, а економијата на Кина, најголемиот светски увозник на нафта, не е во најдобра форма.

Цените во моментов се поддржани само од верувањето на трговците дека централните банки на западните земји го завршија циклусот на зголемувања на каматните стапки, бидејќи инфлацијата се намалува.

Економијата најверојатно ќе стагнира или ослабне во наредните месеци, а ќе поминат месеци пред централните банки да почнат да ги намалуваат каматните стапки за да го поддржат економското закрепнување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

По минатонеделниот пад, на лондонскиот пазар цената на барелот е во минус во однос на почетокот на годината за повеќе од 8 отсто, а на американскиот пазар за повеќе од 7,5 отсто.