Цените на нафтата се искачија над 96 долари на меѓународните пазари во петокот, бидејќи најавата на главните производители за значително помала понуда од ноември ги надмина стравувањата од рецесија поради повисоките каматни стапки во големите економии.
На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше за 1,7 долари повисока отколку на затворањето во четвртокот и изнесуваше 96,12 долари.
Речиси за исто толку порасна и цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 90,17 долари.
Пазарите беа поттикнати оваа недела со одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, да го намалат снабдувањето од ноември.
Само еден месец подоцна, Европската унија ќе воведе ембарго на руската нафта испорачана од бродови, со што ќе се намали понудата на и онака тесниот пазар.
„Една од клучните последици од најновото намалување на ОПЕК (производството) најверојатно ќе биде враќањето на нивото од 100 долари“, рече Стивен Бренок од PVM.
Тој додаде дека растот на цените веројатно ќе биде ограничен од се побројните неповолни трендови во економијата.
Цените се уште се далеку пониски отколку во март, во почетната фаза на руската инвазија на Украина, кога се приближија до 147 евра, што е највисоко ниво откако нафтата почна да се тргува со фјучерси.
„Бидејќи цената на барелот во Лондон сега се стабилизира во опсегот од 90 до 100 долари, групата најверојатно ќе биде задоволна од исходот, и покрај сè уште многу неизвесните изгледи за економијата“, рече Крег Ерлам од ОАНДА, мислејќи на ОПЕК +.
ОПЕК во четвртокот не објави колку чини барел нафтена кошница на нејзините членки. Во средата неговата цена беше 94,05 долари.
Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.